Само еден ден откако беше избран за најдобриот возач во Ф1 за 2008 година од страна на шпанските медиуми, истите тие објавија информација дека шпанецот склучил таен договор со ферари да до 2011 година вози за екипата на светскиот шампион во конструктори.

Двократниот светски шампион никогаш не ги криеше своите симпатии кон италијанскиот тим, а неодамна претседателот на Ферари Лука ди Монтеѕемоло рече дека не сака да ја отфрли можноста еден ден Алонсо да стане шофер на црниот коњ.
„Единствено што можам да потврдам е дека имаме двајца возачи кои имаа т договори до крајот на 2010 година“, изјави портпаролот на Ферари.
Никој од Маранело не ја демантираше веста. Од претходната изјава може да се заклучи дека нешто големо навистина се случува, а дека тоа би можело да биде и договорот со Алонсо. Весниците изјавија дека во договорот се внесени само неколку клаузули, од кои една гласи дека алонсо може да се придружи на екипата на Ферари доколку Кими Раиконен направи уште едно промашување во освојувањето на светската титула.
Италијаните се воодушевени со изданието на Алонсо вопоследниот дел од сезоната кога во последните 6 трки освои најголем број на поени иако возеше за Рено, со кој во 2005 и 2006 освои две светски титули. Алонсо е врзан со Рено до 2012 година, но со опција порано да си замине.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град