Струга градот на мостовите, остана без мост

„Сакаме мост.“ Оваа порака е испишана на остатоците од бетонската конструкција од Мостот на љубовта во Струга. Остатоците од мостот, денес се само немо сведоштво, дека пред три години на тоа место имаше мост кој ги поврзуваше двете страни на реката Црн Дрим.

 |  Николоска Биљана  | 
most drim
мост дрим

most drimСтруга е град на мостовите. Овој епитет кој го носи градот на двете страни на реката црн Дрим не е бадијала кажан, бидејќи постарите стружани паметат дека некогаш во овој град имало над 100 мостови. Тие претежно биле од дрвена конструкција, адаптирани за разни потреби, и ги имало во секој реон. Таму жените переле алишта бидејќи порано немало водовод и канализација, се присетува нашиот соговорник Аспарух Попоски еден од постарите стружани.

„Со тек на време кога се регулира нивото на езерото и Дримот се направија други мостови од бетонска конструкција, со арматура, бидејќи претходните беа дрвени. И дрвото си има свој век на траење и времето си го направи своето,  почнаа да се распаѓаат така што дојде време на посовремена технологија, меѓутоа тука имаше и еден мост кој на местото од железничкиот мост се направи висечки, со конструкција од сајли и потоа се направи мостот дрвен. Но голема штета од голема негрижа на луѓето тој мост пропадна“– вели Попоски.

Според Попоски доколку постоела и најмала грижа за мостот, тој би можел да потрае уште најмалку 30 години. Тој појасни зошто смета дека мостот пропаднал поради нагрижа на луѓето.

„Конструкцијата од згора да се ставеше бетон, од страна да се пуштеа поголеми еркери и да се одржуваше со фарбање тој мост ќе служеше уште многу многу долго. Меѓутоа почнаа штиците да гнијат да пропаѓаат имаше добронамерни граѓани кои од дома носеа даски и штици и ќе ги закрпеа дупките да не се случи несреќа. Имаше еден случај кога едно дете падна во вода. Еден човек скокна и го извади. Но никој за тоа не поведе грижа зошто се случи тоа и зошто тоа правилно не беше санирано“-смета Попоски.

most drimПопоски стравува дека истата судбина од мостот што стружани го нарекуваат, мостот на Нина или мостот на љубовта, ќе го дочека и мостот каде што има брана, преку која се регулира нивото на водата на Охридскот Езеро.

„Не еден функционер му поставив едно прашање. Зошто на штиците не ставите бетон за да се зачува подолго да потрае мостот?  Тој рече в година што ќе правиме и в година треба нешто да работиме. Значи и тука е негрижа“ – изјави Попоски.

Попоски не верува дека на местото од некогашниот „Мост на љубовта“ ќе се подигне нов, бидејќи не гледа грижа за тоа од страна на надлежните. Според него многумина ветувале но тоа било само пуста надеж. Вистината била во делата. Побаравме став и од струшката Локална Самоуправа во врска со тоа, дали и какви им се плановите за подигнување на нов мост. Но останавме покуси за таа информација, бидејќи иако ни ветија дека ќе добиеме одговор од лице кое е надлежно за таа проблематика, до затворање на дневникот не добивме никаков одговор.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top