За овој вторник, 1-ви април, во 12 часот е најавена 22-та седница на советот на општина Охрид.
За овој вторник, 1-ви април, во 12 часот е најавена 22-та седница на советот на општина Охрид.
На оваа седница охридските советници покрај 30-те точки од урбанистичката сфера,поточно точки кои се однесуваат на потребата од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти во Охрид, ќе расправаат и за висината на надоместокот на услугите кои ги вршат јавните претпријатија.
Потоа на дневниот ред ќе се најде и постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори, како и физибилити студијата за ЈП Градски Пазар Охрид и предлог одлуката за измена на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на затворен зелен пазар.
Овој вторник пред советниците ќе се расправаат и за предлог одлуката за донесување на Правилникот за субвенционирање на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност од мал обем.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град