Најлесно печатење на маици. Една несекојдневна, но лесна и практична техника, денес беше презентирана во Американското катче во Струга. Секој може сам да испечати некоја слика на маица, а од тоа може и да се заработи, посебно во туристички места, велат едукаторите во Американскот катче во Струга.
Ново искуство пред средношколците во Струга. Денес во Американското катче, целна група од 20 ученици од двете струшки гимназии сами си изработија маица на еден нов, лесен и интересен начин. Со техниката ги запозна Џеси Робертс креативниот диртектор Rise up international.
„Денес се фокусиравме на печатењето на маиците сега втората сесија ќе биде сито печат и најлесно печатење на маици и постери. Јас многу едноставно почнав во Америка правејќи модели на хартија па со спреј бои ги прскав на маиците и така заработував. Значи идејата на ворк шопот е всушност користење на креативност да се поттикне претприемаштвото кај младите деца, да направат нешто за себе“– вели Робертс.
Меган Мек Гинис, која исто така пренесе дел од своите искуства на струшките средношколци, нагласи дека нивната техника секој сам да испечати маица побудила голем интерес кај учениците. Мек Гинис раскажа како таа се навлекла во оваа техника.
„Многу деца во Америка се заинтересирани. Таа и за својата лична проказна раскажа дека таа не студираше уметност, меѓутоа тоа го правеше од свое хоби почна да црта и почна всушност да живее од тоа. Во Америка децата се соочуваат со предизвик да самите почнат свои бизниси, бидејќи не секој лесно можат да најдат работа.“ – раскажа Мек Гинис.
Денешната работилница е добар пример за младите од Македоноија. Тоа е можност на младите да им се предочат начините за тоа како можат да опстојат и да просперираат, вели Борка Танеска, асистентот за култура Американска Амбасада
„Ова е многу голема добра можност како идеја, за некој што има талент, Струга е туристички град тоа е некако интересна комбинација на некој што знае ова да го прави, да печати маици да се продава тоа, значи како идеја е многу апликативна во Струга“– вели Танеска.
Никој од учениците немаше претходно искуство со правење на вакви маици. Сите учесници на работилницата си изработија по една маица за себе. Инаку една работилница од ваков тип веќе била одржана во Кочани. Наредниве денови работилница ќе има во Крушево и Скопје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град