Aлкохолизмот, потенцијална опасност за сите генерации

Едуцирани млади луѓе ќе ги подучуваат нивните врсници како да се заштитат од алкохолизмот. Со оваа проблематика не може да се занимава секој, вели  инретнационалниот едукатор и семеен терапевт, Владимир Панзов. Во соработка  со Црвениот крст од Охрид биле одржани повеќе работилници за едукација на младите на тема алкохолизам.

 |  Јаковлева Лионела  | 
alkoholizam
alkoholizam

 

Триесет млади луѓе на возраст од 14 до 20 години денес се здобија со сертификат со кој ќе можат да вршат едукација на своите врсници како да се заштитат од алкохолот. Ова следуваше после посетата на четири работилници на кои тие учесатвуваа во изминатите месеци, а на кои предавања на ова тема им држеше Владимир Панзов, претседателот на здружението „Здрав живот“.

Панзов вели дека алкохолизмот е потенцијална опасност за сите генерации, а особено за младите. Статистичките податоци покажуваат дека се поголем број млади луѓе незнаејќи ги штетните последици од конзумирањето на алкохол посегнуваат по него. Во 19 век објаснува Панзов , алкохолизмот бил третиран како порок, во 20тиот како болест, а денес алкохолизмот се смета за личен избор и животен стил. Со оваа проблематика не може да се занимава секој, вели овој инретнационален едукатор и семеен терапевт.

-Има НВО кои совршено ја познаваат оваа проблематика и им помагаат на оние на кои им е потребно. Јас сум сигурен дека и овие млади услужители учители ќе бидат многу успешни во тоа. obukiСледната борба ќе ни биде со Локалната која сеуште се двоуми дали да отвори клуб на лекувани алкохоличари во Охрид. Нивното објаснување е дека немале пари и простории, а простории има колку да сакаш, а пари никој не им побара, треба само добра воља, вели Панзов.

Соработката  со Црвениот крст од Охрид на општо задоволство била веднаш воспоставена, вели Младен Божиновски, младинскиот координатор во оваа општинска организација. Тој очекува знаењата кои ги стекнаа младинците на овие раборилници да ги пренесат во заедницата.

-Младите имаат одврзани раце како да го пренесат своето знаење на најкреативен начин за нив . Тоа може да бидат едукативни работилници во нашата организација, предавања во училиштата, јавни трибини или некоја друга форма, вели Божиновски.

Вакви едукации имало и низ другите градови на Македонија од каде веќе се гледаат првичните резултати во превземање превентивни мерки против алкохолизмот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top