Голем еко хепенинг во О.У. „Григор Прличев“ за денот на пролетта и денот на екологијата. Тое е во рамките на акцијата „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“ . Децата низ бројни програмски активности, приредба, садење на дрвца, изработка на украси од хартија, уметничко сликање на чешмата во дворот и др, секој на свој начин покажаа како ја доживуваат пролетта.
Денот на пролетта, денот на екологијата, децата од О.У. „Григор Прчичев“ го одбележаа со еко хепенинг во дворот на училиштето. Децата, покрај садењето, изведоа приредба, со пригодни песнички и рецитали за пролетта. Садењето на дрвца и цвеќиња, ликовните работилници на отворен простор и еко хепенинзите веќе прераснаа во традиција, вели Анастасија Настеска, психологот во ова основно училиште. Додава дека денешните активности се во рамките на Еколошката кампања „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“, на Министерството за животна средина. Настеска нагласи дека овој настан предизвикал голем одзив и присуство од страна на родителите, кои и во други прилики ги подржуваат овие и слични акции, и ги доживуваат како дружење и отворена соработка со школото во кое учат нивните деца.
Во разубавување на амбиентот во училиштето помогнаа и од ЈП „Охридски Комуналец“. Директорката Елена Скрческа вели дека ЈП активно се вклучува во акцијата „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“ .
„Затоа во текот на денешниот ден засадуваме рози на потегот на ул Туристичка од пазарот до влезот на Охрид со поголем број на садници исто така и во сите училишта засадуваме рози со цел да им го оплемениме дворот. Спроведувањето на оваа акција има далекусежни позитивни ефекти во однос на зачувувањето на животната средина“– вели Скрческа.
Пролетта ја дочекавме со низа активности подготвени од нашите ученици, а посебно денес, нашето училиште наликува на една голема цветна градина, вели Силвија Мојсовска. Таа додава дека мора да поработат на подигање на свеста кај учениците за одржување на животната средина.
„Бели рози прв пат засадуваме, рози сме саделе претходните години и се надеваме дека оваа акција ќе прерасне во традиција. Свеста треба да се подигне во секој случај, треба малку повеќе да се едуцираат за да знаат дека тоа што го садат треба да го негуваат“-изјави Мојсовска.
Охрид денес ќе биде разубавен со над 500 садници на бела роза. Тие ќе бидат засадени во средишното зеленило на булеварите, во парковите, на кружните текови и на другите јавни зелени површини.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град