Нов долг на товар на општина Охрид

Новиот долг од локалната велат дека е настанат од кредит подигнат од Европската банка за обнова и развој за проект кој требало да го спроведува Меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква.

 |  Мишел Наумоски  | 
opstina Ohrid
општина Охрид

Долгот на општина Охрид од денес порасна. Милион и пол илјади евра или 93 милиони 339.953 денари нов долг на товар на МЈП Проаква, вака гласи најновата правосилна пресуда на Врховниот Суд на Република Македонија. Од локалната самоуправа денес рекоа дека и покрај огромните напори на новото општинско раководство, не можат да формираат одбранбен механизам за заздравување на општината од наталожените долгови. Според портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски, ова е само уште една епизода од бескрајниот серијал на неодговорното работење на претходната локална самоуправа предводена од СДСМ.

lokalna dolg„Таа најнова епизода зборува за нов долг на МЈП Проаква од неверојатни 93.339.953 денари потврден со правосилна пресуда од Врховниот суд на Република Македонија. Овој долг и покрај инволвираноста на повеќе финансиски институции и нивната добра волја за спроведување на проектот „Модернизација на системите за водоснабдување и за отпадните води“ исклучиво е резултат на нестручното и неодговорното работење на раководството поставено од СДСМ.“-вели портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.

Џамтоски вели дека целата ситуација со општинскиот долг е една црна дупка од која општината не може да исплива на хоризонтот.

mjp proakva„Долгот е кон Министерството за финансии бидејќи во целиот тој проект Министерството за финансии се јавува како гарант заедно со општините и МЈП Проаква, но од обврските кои треба да произлезат, јасно е дека се работи за неодговорно, нестручно работење на тогашното раковоство на Проаква. Затоа овој долг со правосилна пресуда ќе нарасне на нешто повеќе од 93 милиони денари.“-рече Џамтоски.

Инаку овој долг на општината произлегува од средствата кои Европската банка за обнова и развој ги одобрило за изготвување на проектот за подобрување и водоснабдување изведен преку кредит кој Проаква го подигнала од КФ банката во висина од 3.7 милиони евра. Но поради блокираната сметка на МЈП Проаква, долгот требало да го подмират општините Охрид и Струга. Бидејќи тие тоа не го сториле, според договорот помеѓу ЕБОР и Република Македонија, обврската паднала на државата која се јавува како гарант во кредитното задолжување.

Инаку уште во 2008 година државниот ревизор излегол со извештај во кој стоело дека проектот не е  направен како што треба поради што  претпријатието Проаква ја тужеше Владата затоа што требало да плаќа долг за проект за кој никогаш не бил направен технички прием-тврдеше поранешен директор на Проаква.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top