Врз основа на одлуките за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 година за угостителските објекти, за зоните и висината на цената за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување столови и маси и за утврдување на висината на комуналната такса за користење простор пред деловни простории за вршење дејност, општина Охрид го објави упатството за добивање на одобренија.

Барањата за поставување урбана опрема за оваа година може да се поднесуваат за период од минимум 3 месеци, со можност за продложување и тоа со поднесување барање 15 дена пред истекот на првиот период.
Сите субјекти кои ќе користат урбана опрема оваа година мора да ги имаат подмирено своите финансиски обврски за 2013 година, по што може да поднесат барање за оваа година во периодот од 17.03.2014 до 15.04.2014 година.
За издавање на одобрението потребно е да се поднесе барање за издавање извод од програмата за урбана опрема и да се достави имотен лист и скица од теренско мерење за предметната парцела (доколку се работи за дел приватно земјиште и дел земјиште на Република Македонија) . Изводот од програма за урбана опрема се издава во рок од 2 дена, по што странките имаат рок од 7 дена да достават проект за поставување на урбана опрема. По доставувањето на проектот во рок од 3 дена истиот се одобрува и се изготвува договор за закуп на земјиште (доколку земјиштето е во државна сопственост).
Задолжението за комунална такса се изготвува во рок од 2 дена по изготвувањето на договорот за закуп. На земјиште што не е сопственост на Република Македонија, оние субјекти кои сакаат да го користат за урбана опрема се должни да платат комунална такса, а по извршената уплата за закуп и комунална такса, во рок од еден ден странката мора да склучи договор со ЈП „ Охридски комуналец“ за одржување на хигиената.
Сите постапки се одвиваат во рок од 15 работни дена, по кој се издава одобрение за урбана опрема. Поставувањето на урбана опрема се врши само по издадено одобрение. Во спротивно, согласно Законот за градење, следуваат прекршочни пријави и казна за правното лице и управителот во висина од 7.000 евра, во денарска противвредност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град