Стоп за инцидентите во струшките гимназии за време на изборите

Во двете струшки гимназии „Нико Нестор“ и „Д-р Ибраим Темо“ нема место за конфликти и инциденти меѓу средношколците, посебно во предизборниот период. Директорите тврдат дека целиот наставен кадар ќе биде ангажиран за да не дојде до инциденти.

 |  Николоска Биљана  | 
gimnazii struga
гимназии струга

gimnazii strugaНема да дозволиме политичките тензии на партиите во предизборието да создадат проблеми меѓу средношколците во Струга, велат првите луѓе на струшките средношколски установи. За време на изминатите изборни циклуси имаше голем број инциденти меѓу средношколците со политичка конотација, токму затоа ТВМ се обиде да дознае дали превентивно се делува и што се превзема во очи на двојните избори пролетва. Марија Коваческа директорката на „Нико Нестор“, вели дека непопуларната етикета која ја носи училиштето мора да се тргне. Додава дека за тоа ангажиран е  целиот наставен кадар во двете гимназии.

„Веруваме дека во најголем процент годиниве сме постигнале нешто и што е до нас се надеваме дека нема да имаме проблеми.  Но сепак тоа е нешто што не можеме да го предвидиме но во секој случај ќе го превенираме и доколку постои и најмал сомнеж за почеток на инциденти ќе биде решено навреме за да не дојде до големи размери како што беше годините наназад“– убедува Коваческа.

gimnazii strugaЕвидентни се проблемите со кои досега се соочуваме за време на предизборниот период, вели Муча Џеладин директорот на д-р „Ибраим Темо“. Тој упати забелешка на медиумите дека најчесто се заинтересирани да пишуваат кога има некој инцидент, а за позитивните работи ретко кога се случува да известат.

„И од сега сме преземале некои превентивни мерки, знаеме дека можно е да ни се случи, но со одговорните секој понеделник одржуваме состаноци и на нив приоритет даваме на темите, за да не ни се случи некој проблем“- вели Џеладин.

Одговорните на струшките гимназии, „Нико Нестор“ и „д-р Ибраим Темо“ ветуваат дека на младите ќе им ги обезбедат сите потребни услови за соживот во мултиетничка Струга. Исто така годинава имале идеја, матурата да ја одбележат сите заедно, македонци, албанци и турци, но сеуште го испитуваат пулсот за тоа дали таквата идеја би била прифатена.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top