Денес започна проектот за обуки и тренинзи и изнаоѓање на поврзаноста помеѓу туризмот и останатите индустриски гранки. Целта на реализацијата на проектот е да се зголеми квалитетот на туристичката понудата, но и да се прошири понудата во секторот туризам преку спа центри, велнес центри, рурален туризам и итн.
Министерството за Економија обезбеди 220 000 евра за развој на туризмот. Денес започна проектот за обуки и тренинзи и изнаоѓање на поврзаноста помеѓу туризмот и останатите индустриски гранки, во организација на Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија и Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации. Овој проект е прв и единствен од ваков вид во државата, кој е обезбеден преку Словенечкиот билатерален проект за техничка помош од каде се одобрени 220.000 евра за период од 2 години. Главниот фокус на овој проект ќе биде ставен на подобрување на услугите на туристичките работници преку обуки и тренинзи. Обуки ќе има и за вработените во државната администрација, кои се одговорни за развојот на туризмот, како што се Секторот за туризам во Министерството за економија, како и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Целта на реализацијата на проектот е да се зголеми квалитетот на туристичката понудата, но и да се прошири понудата во секторот туризам преку спа центри, велнес центри, рурален туризам и итн.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град