Децата во градинката Росица го одбележаа Летник

Децата во градинката Росица го одбележаа Летник.

 |  Јаковлева Лионела  | 
letnik
letnik

Дечињата згрижени во детската градинка Росица со песна на сите јазици од етничките заедници го одбележаа Летник.  Празникот се одбележа весело со песна и со  подарување на мартинки и  варена пченка. Преку  приредба децата  од сите етникуми кои се згрижени во овој објект прикажаа  дел од обичаите кои се карактеристични за денот Летник. Според  верувањето овој ден  е почеток на новата година или крај на зимата и почеток на летото.

letnikСе верувало дека мартинките симболизираат среќен живот и здравје заштита од штетници. Полната трпеза – значи богатство на трпезата преку целата година. Пченката е симбол на животот, дренот значи да бидеме здрави како дрен. Сите овие симболи денес ги презентираа дечињата пред многубројните гости.
Меѓу децата беше и градоначалникот Никола Бакарчески кој ја поздрави иницијативата на градинката за  негување на традицијата и обичаите на различните етнички групи. Тој потенцираше дека тоа е од круцијално значење за градењето на заедничкиот живот во општина Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top