Потпишан Меморандум за поддршка на соживотот во Струга

Општина Струга и мисијата на ОБСЕ во Македонија партнери во напорите за градење соживот и за побезбедни училишта. Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Ралф Брет и градоначалникот на oпштина Струга, Зијадин Села денеска потпишаа Меморандум за соработка кој се однесува на проектот „Медијација за промена“, кој го спроведуваатдвата струшки средношколски центри, Нико Нестор и Ибраим Темо.

 |  Николоска Биљана  | 
memo
мемо

memorandumВо Струга денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Струга и Мисијата на ОБСЕ за проектот „Медијација за промена“. Потпис стави струшкиот градоначалник Зијадин Села и амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Р. Макеоднија Ралф Брет. Во Струга пронајдовме партнери со кои може да се зборува за соживот и да се работи за општо добро на луѓето од оваа мултиетничка средина, нагласи амбасадорот Брет.

„Дел од нашиот мандат е од една страна да го имаме овој мониторинг, разговараме со многу луѓе во општинитие, во однос на пшревенцијата, што значи тренирање и обучување на луѓето, особено млдите, за да ги спречиме конфликтите или ако излезат такви конфликти, да ги решиме на мирољубив начин “- нагласи амбасадорот Брет.

memorandumАмбасадорот на Швајцарија во Македонија, Стефано Лазарето нагласи дека јазикот во Македонија не треба да претставува проблем за соработка и комуникација помеѓу луѓето.

„Швајцарија е овде како набљудувач под мотото „Создавање на безбедносна заедница за бенефит за сите“. Силно веруваме дека овој проект кој го спроведува ОБСЕ заедно со струшката и другите општини кои учествуваат во овој проект е добар во смисла на придинес во безбедноста преку медијација, особено во училиштата“– вели амбасадорот Лазарето.

Струшкиот градоначалник Зијадин Села истакна дека посебна чест и задоволство му било што денес во посета ги имал двајцата високи претставници на мисијата на ОБСЕ и амбасадорот на Швајцарија. Според него проектот „Медијација за промена“ се совпаѓа со целите на општината во делот на безбеден град.

memorandum „Се работи за проект кој се совпаѓа со целите што ги има зацртано општинската администрација за да имаме подобри и побезбедни училишта, но и побезбеден град како резултат. Бевте сведоци на потпипувањето и верувам дека и во иднина ќе потпишуваме вакви меморандуми со што ќе им покажеме на нашите граѓани дека се залагаме за соживот и Струга да стане пример за тоа“ – вели Села.

На сите нас како родители, наставници а пред се како луѓе кои на било кој начин сме вклучени во образованието, многу ни е важно да имаме безбедна средина во училишта, изјави директорката на „Нико Нестор“,  Марија Коваческа. Таа додаде дека проектот за медијација кај нив години наназад се практикува, со професори кои се посебно обучени за тоа.

memorandum „Работат со групи на ученици кои развиваат вештини за врсничка медијација разрешување на конфликти. Сите тие проекти им даваат една можност да се запознаат да научат да се разбираат да се почитуваат, да користат еден јазик кој што воопшто не е важно како звучи ако им овозможува да се разберат и да можат да сорабортуваат“– потенцира Коваческа.

Муча Џеладин, директорот на гимназијата Ибраим Темо, истакна дека потпишувањето на денешниот меморандум на општина Струга со мисијата на ОБСЕ во Македонија е од голема важност посебно од аспект на тоа од меморандумот веќе се спроведуваат активности.

 „Ево на пример утре имаме еден таков настан на ученици во врска со Летник и тоа е во врска со овој меморандум децата да се дружат да мислат за убави работи да се сакаат меѓу себе а не да имаме проблеми. Досега откако сум јас директор немаме проблеми “-нагласи Џеладин.

Амбасадорите на ОБСЕ и Швајцарија дадоа поддршка за соживот во Струга, со акцент дека сите конфликти треба да се решаваат на миран начин.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top