Советот на општина Струга ја одржа 12 тата седница

Советот на општина Струга ја одржа 12 тата редовна седница.  Кратки дискусии и забелешки струшките советници имаа околу завршната сметка на буџетот на општина Струга за 2013 година, дел од нив сметаат дека средствата наместо да се користат за развојни проекти истите се трошеле за административни трошоци.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica struga
седница струга

Советничката говорница во салата за седници на општина Струга, денес не беше многу користена од страна на градските избраници. Дневниот ред на дванаесеттата седница со 16 точки, плус дополнително предложените 4 точки, поминаа глатко, со исклучок на предлог одлуката за работното време на струшките занаетчии која беше одложена за некоја наредна седница. Претседателот на струшкиот Совет Абдула Ќазимоски, вели дека нема седница без да се замеша политиката, па таков бил и денешниот тек на седницата.

„Во одредени ситуации бев малку разочаран, бидејќи знаете дека кога се работи за аплицирање на некои документации за да се дојде до некои финансии, после образложувањето на некои аsednica strugaдминистратори кои се задолжени тоа да го приготват му објаснуваа дека од 4 апликации добивме само една, но како и секогаш секој советник сака малку повеќе да се исполитизира тоа “ – вели Ќазимоски.

Струшките советници главно беа задоволни од донесувањето на завршната сметка за 2013, бидејќи истата едноглесно беше усвоена. Јулијана Зуноска координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека денешната седница за граѓаните на општина Струга е од посебна важност бидејќи се донеле две мошне важни одлуки. Едната се однесува  за изградба на пешачка и велосипедска патека во селото Драслајца, исто така и во селото Ташмаруништа.   

„Се донесе одлука по повик на Бирото за регионален развој за изработка на техничка документација за пешачка патека во селото Драслајца до ОУ, кој пат е проблематичен и дури мора да се преземе се што е во наша моќ истата таа патека да се направи, бидејќи е од суштинско значење на селото особено за учениците кои посeтуваат настава во ОУ  „Климент Охридски“, изјави Зуноска.

sednica strugaСоветниците од СДСМ имаа забелешка околу точката на дневен ред која се однесуваше на работното време на струшките занаетчии.

„Ние кажавме дека истата е наравена за општина која не е за туристички центар. Значи одредени занаети кои што се атрактивни за туристите беше предвидено во недела да не работаат и од сите забелешки кои што ги имавме заклучивме дека оваа точка не треба да биде на дневен ред и во соработка со претставници на занаетџиите да се донесе навистина една квалитетна одлука која што ќе ги застапува интересите на занаетчиите од Струга “- вели Николина Велкоска координаторот на советничката група на СДСМ.

Општина Струга во периодов што следи треба да изработи повеќе технички документаци за капитални проекти, како што е тоа изградба на депонија, пречистителна станица во село Лабуништа, доасфалтирање на одредени улици во Мислешево , како и изградба на канализација во селото Делогожда, кои одлуки денес добија зелено светло од советниците на општина Струга.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top