Угостителите и другите правни лица кои пред своите објекти ќе сакаат да постават урбана опрема, во иднина за оваа давачка ќе треба да издвојат помалку пари.
Пониски цени за закуп и комунална такса. Угостителите и другите правни лица кои пред своите објекти ќе сакаат да постават урбана опрема, во иднина за оваа давачка ќе треба да издвојат помалку пари. Така беше одлучено на вчерашната 20-та седница на Советот на општина Охрид. Според Програмата за поставување на урбана опрема, цената на закуп на метар квадратен ќе чини 250 денари во првата зона, 150 денари во втората и 100 денари во третата градска зона. Исто така ќе биде намалена и висината на комуналан такса од 10 денари на 7,5 денари.
-Во изминатиов период имавме интензивна комуникација со угостителскиот еснаф од Охрид, така што прифативме и дел од нивните барања кои беа насочени кон корекција на цената за закуп на државното земјиште и комуналната такса. Локалната самоуправа ја зеде во предвид состојбата во која што тие се наоѓаат и на овој начин им излегува во пресрет, изјави Спасески.
Секретарот вели дека Програмата за поставување на урбана опрема во општина Охрид за прв пат е навремено донесена и со неа прецизно се утврдени локациите на кои истата ќе може да се поставува.
Инаку, сите корисници кои не ги подмириле обврските за 2013 година, а имале поставено урбана опрема треба да го исплатат својот долг кон локалната самоуправа до 6-ти март. Доколку не го сторат тоа против нив ќе бидат активирани издадените прекршочни пријави, а предметните локации нема да се земаат предвид во Програмата за поставување на урбана опрема за 2014 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град