Повеќе од половина од невработените осигуреници во Охрид не извршиле пререгистрација. Од Фондот за здравствено осигурување велат дека пререгистрацијата се одвива со слабо темпо и апелираат граѓаните да не чекаат последен момент, за да ја исполнат оваа законска обврска.
Во тек е пререгистрацијата на невработени во Охрид. Во општинава има околу 5500 невработени носители на право на здравствена заштита или заедно со осигурениците на нивно име тоа е околу 10 000. Досега над 2400 илјади или 45% од осигурениците од Охрид извршиле пререгистрација во Фондот за здравствено осигурување. Рокот изминува на 31 март. 6000 илјади осигуреници можат да останат без здравствено осигурување доколку не извршат пререгистрација во тој рок, предупредува првиот човек на Фондот Славе Крстаноски.
„Морам да кажам дека одзивот е прилично слаб на ниво на Македонија, во Охрид просекот е нешто подобар од републичкиот просек но пак е прилично низот, околу 45% се дојдени да се пререгистрираат, со оглед на тоа што останаа уште 15 дена до крајниот рок одзивот е слаб“-вели Крстаноски.
Пререгистрацијата на невработените е едноставна, нагласува Крстаноски. Тоа се прави со пополнување на изјава за остварен или неостварен приход во 2013 година, односно со заокружување на една од двете опции кои треба да бидат исполнети. Едната се однесува за лица што оствариле приход помал од 96 600 или лица што оствариле поголем приход од 96 600 но помал од 185 000, под услов последните два месеци да немаат приход поголем од 16 100. Па оттука Крстаноски апелира.
„Јас апилирам до сите што се осигурани на овој начин како лица без приход или невработени да дојдат што побрзо со пополнување на изјава и при тоа да покажат лична карта да ја завршат оваа формалност и да продолжи нивното осигурување уште една година“-апелира раководителот на Фондот.
Крстаноски потенцира дека сите матични лекари, ЈЗУ како и Агенцијата за вработување, биле известени да укажуваат на сите невработени осигуреници кои се на терет на Министерствот за здравство да извршат пререгистрација за да не бидат одјавени од системот за осигурување. Доколку дојде до тоа, корисниците на ова право ќе треба подвторно да ја подготвуваат целата документација за стекнување на правото на здравствена заштита од ресорното министерство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град