Со измените на ДУП за дел од 6 тата урбана единица, урбан блок 6,2 е предвидено на улицата „Јане Сандански“ од двете страни да никнат висококатници. Зелено светло треба да дадат охридските советници.
Со измените на ДУП за дел од 6 тата урбана единица, урбан блок 6,2 е предвидено на улицата „Јане Сандански“ од двете страни да никнат висококатници. Зелено светло треба да дадат охридските советници.
На улицата „Јане Сандански“ од двете страни ќе никнат висококатници. Ова е предвидено со измените на ДУП за дел од 6-тата урбана единица, урбан блок 6,2 која ги опфаќа улиците „Туристичка“, „Даме Груев“, „Јане Сандански“ и „Карпош Војвода“. Уставниот суд на РМ пред повеќе од две години ја укина постапката за донесување ДУП за оваа урбана единица бидејќи дел од граѓаните ја оспорија истата поради немање мислење од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Бранко Арнаудов, началникот на секторот урбанизам кажува дека сега имаат добиено позитивно мислење од ова министерство.
Една од причините поради која не помина претходната измена на овој ДУП беше и предвидената висина на зградите кои требаше да имаат по десет и повеќе ката. Арнаудов вели дека сега со оваа измена висококатниците на „Јане Сандански“ ќе бидат со четири, максимум пет ката. Нивната висина пред се ќе зависи од обезбедениот паркинг простор, објаснува началникот.
Дали конечно во Охрид ќе почне да станува пракса да се градат згради со предвиден паркинг простор ќе покаже времето.
Инаку за измената на ДУП за 6-тата урбана единица ќе се расправа на наредната седница на Советот на општина Охрид која е закажана за 29 декември.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град