Ќе се гради пешачка патека Ташмаруништа – Струга

Советот на општина Струга за утре, 13 март ја свика 12- есетта седница.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

Предложени се 16 точки на дневен ред по кои е предвидено да работи Советот. Струшките советници ќе треба да се произнесат по предлог – одлуката за утврдување на работното време на занаетчиските дејности во Струга. sednica

Исто така ќе расправаат по точките за разрешување и именување на нови членови на управните одбори  на ОУ во Делогожда и за ЈП Комунално Струга, а на дневен ред се најдоа и кварталните извештаи за работата на Јавните Претпријатија, Проаква, Хигиена од Лабуништа и ЈП „Октиси“ од Октиси.

Утре советниците ќе треба да одлучуваат и за изградба на пешачка патека која треба да го поврзе селото Ташмаруништа со Струга. Исто така на утрешната седница има и два извештаи за реализација на програми од 2013 година, односно програмата за работата на Советот за 2013, и програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението на општина Струга од заразни болести, дезинсекција и дератизација. 

Советниците се очекува да  го усвојат и годишниот извештај за работата на општинскиот инспекторат за 2013 како и завршната сметка на општина Струга за 2013.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top