Дискриминација при вработување во Струга

Во Струга постои дискриминација при вработување посебно на припадничките на женскиот пол, обвинуваат од НВО Езерка. Меѓутоа за жал таа дискриминација ниту се пријавува ниту пак тие што се дискриминирани сакаат јавно да проговорат за проблемот, вели претседателот на невладината од Струга Драгица Павлеска Попеска.

 |  Николоска Биљана  | 
diskriminacija
дискриминација

diskriminacijaЗголемен е бројот на случаи на дискриминација при вработувања, обелоденуваат од НВО Езерка, Струга. Недолични интервјуа се прават за продавачка или за вработување во обложувалница, вели Драгица Павлеска Попеска од ова невладина организација. Според неа ова појава во приватниот сектор била се повеќе изразена барем според изјавите кои ги слушнале од жртвите на дискриминација, кои доаѓале во нивната канцеларија. Колку години имаш, е најчесто поставуваното прашање, потенцира Попеска.

„Во државниот сектор се конкурира ама на конкурсот не пишува да биде помлада од 30 години или девојче за работа. Ние сакаме да се почитуваат сите права кои што се пропишани со закон и не да работаат жените пријавени на 4 саати а да работат 10 саати – нагласува Попеска.

diskriminacijaПопеска појасни за уште една непопуларна појава која е спротивна на Законот против дискриминација а за која работниците  најчесто молчат и не сакаат јавно да проговорат од страв да не бидат избркани од работа.

„Не можи човек кој што работи 10 години во текстилна индустрија со нови мерки да биде примен на обука бидејќи тој може да обучува вработените“– вели Попеска.

Таа признава дека мал дел од вината за дискриминација при вработување лежи и во нив како невладин сектор, бидејќи сеуште со работодавците, од кои се пожалале граѓаните не направиле средба за да ја слушнат и нивната страна. Засега веруваат на изјавите што ги слушаат од граѓаните, но ветуваат дека во иднина ќе остварат средби со работодавачите со цел да се работи на надминување на проблемот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top