Крајот на годината, вообичаено е период на дарување, а истовремено се буди и хуманоста кај луѓето.
Крајот на годината, вообичаено е период на дарување, а истовремено се буди и хуманоста кај луѓето.
Во тој дух утревечер Лајонс клубот – Охрид, со помош на охридската гимназија и сите добри луѓе, по втор пат ќе организираат хуманитарен концерт. Кај организаторите постои надеж дека овој музички настан ќе прерасне во традиционален.
Ангел Јанев, од Лајонс Клуб Охрид вели„ во сплетот на хуманитарни активности се органзира и оваа манифестација од културен и хуманитарен карактер наменета за охридската публика со префинет музички вкус “. Младинскиот хор под водство на диригентската палка на Проф. Александар Димоски, оркестарот при охридската гимназија и музичката група „Сигма“ на посетителите ќе им приредат незаборавна музичка вечер, ветува Ангел Јанев од Лајонс клубот- Охрид.
Јанев додава дека лани концертот го посетиле над 800 луѓе кои уживале во новогодишниот концерт, а годинава очекува бројот да биде поголем. Ќе се изведува весела музика, на програма се Божиќни и новогодишни музички нумери насловена како „Од Охрид за Охрид“.
Утревечер, во Центарот за култура посетителите ќе можат да се вклучат во хуманитарната акција со издвоени 100 денари за влезница. Собраните пари од билетите ќе бидат наменети за помош на слепите лица од Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град