Графитите неибзежен дел од Дом на култура во Струга

Граѓаните велат- нека има графити ама да не наликуваат на урбан вандализам и истите да се на одреден простор а не по целиот град.

 |  Билјна Ќосеска  | 
grafiti
графити

Граѓаните велат- нека има графити ама да не наликуваат на урбан вандализам и истите да се на одреден простор а не по целиот град.

Графитите белег на  Струга. Нема стамбен објект или друга градба која не е исцртана со графити. Во овој град мета на,  за дел од граѓаните „уметничко изразување„ а за дел „урбани вандали“ е домот на Кулрура „Браќа Миладиновци“.

На овој објект речиси и да нема бел простор кој не е исцртан со графити. Граѓаните се со поделени ставови, дали ги оправдуваат цртањата на графитите. Велат доколку истите се со пристојна содржина тогаш ги оправдуваме но и доколку се цртаат на простор наменет само за таа потреба.
Директорката на „Домот на Култура“,  остро ги осуди луѓето кои зидовите на оваа зграда ги претвараат во површина  за цртање  графити. Намесо истата да важи за угледна културна установа за жал тоа не е така. Дури и сите изданија на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ се одржуваат пред платото на институцијата  каде графитите се неизбежна  глетка. Директорката Слободанка Попоска кажува дека на неколку наврати се обиделе  да ги избришат графитите но состојбата повторно е иста.

grafiti„Презедовме акција на неколку наврати но повторно се исцртаа зидовите. Во моментов немаме средства повторно да ги избришиме истите“-вели Попоска.

Тој се надева дека графитите ќе исчезнат по најавената акција на ЗЕЛС за бришење на истите. Од општина Струга најавија дека за скоро време ќе се реши и овој проблем. Во меѓувреме комуналните инспектори ќе ја следат состојбата и на секоја личност која ќе слика графити ќе му изречат казна. Дали во Струга ќе се обезбеди посебен простор за искажување на креативноста на младите, сеуште е неизвесно.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top