• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • На местото каде што треба да никне градскат марина, сеуште потенцијална опасност од неексплодирани мини

На местото каде што треба да никне градскат марина, сеуште потенцијална опасност од неексплодирани мини

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека најголемиот дел од езерото на тој потег е исчистен, но дека сеуште постои мал дел во кој би можело да се појават вакви експлозивни направи. Градоначалникот Бакрачески вели дека за овој проект да биде безбедно реализиран, во него ќе бидат ангажирани сите потребни стручни лица.

 |  Мишел Наумоски  | 
nurkaci
нуркачи

Неодамна од локалната самоуправа беше објавена намерата за изградба на градска марина. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека изградбата на оваа марина ќе биде еден од начините на кои Охрид ќе прави крупни промени во насока на развој на туризмот.

nurkaci miniСепак токму на местото на кое најверојатно ќе никне градската марина, сеуште постои потенцијална опасност од неексплодирани мини кои датираат од Првата светска војна. Градоначалникот Бакрачески вели дека ќе се направат сите потребни анализи.

„Во тек е постапката за изработка на идеен проект и веднаш после тоа и за основен проект за изградба на марина врз основа на коишто понатака ќе следат натамошни активности за реализација на овој проект за изградба на градска марина. Во тој контекст секако дека ќе бидат вклучени и служби чии надлежности се меѓудругото отстранување на тие мини за кои што тие имаат претпоставки каде се наоѓаат или од каде треба да бидат исчистени. Секако дека се ќе биде објект на една стручна односно експертска анализа.“-рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

nurkaciОд Дирекцијата за заштита и спасување кои спроведоа веќе неколку акции за чистење на езерското дно од овие неексплодирани мини, велат дека најголемиот дел односно околу 95 проценти од таа локација е исчистен од овие направи. Сепак од таму велат дека станува збор за едно старо минско поле кое по правило може да биде успешно пребарано токму околу 95 проценти. Доколку сепак се појават други неексплодирани мини, од Дирекцијата велат дека се подготвени во секој момент да направат ново пребарување и да ги отстранат и нив.
 
Инаку акции за чистење на езерското дно токму на овој потег беа правени во три наврати, како дел од проектот на Меѓународната фондација за заштита од мини, а беа отстранети околу 20тина тони бомби, мини и гранати, кои датираат од првата светска војна и балканските војни, но одредени примероци се и од втората светска војна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top