Денови на идеи

Од вчера охриѓани  можат своите идеи  за тоа што треба да се направи во средината во која живеат или пак во државата да ги искажат тајно и да ги остават на пунктот на плоштадот Св. Климент Охридски.

 |  Јаковлева Лионела  | 
punkt
пункт

Од вчера охриѓани можат своите идеи да ги напишат и да ги остават на пунктот на плоштадот Св. Климент Охридски. Ова е пракса на ВМРО ДПМНЕ во последниве неколку години а со цел граѓаните да можат своите личнпункти идеи  за тоа што треба да се направи во средината во која живеат или пак во државата да ги искажат тајно. Потоа идеите се разгледуваат и оние кои се издржани се ставаат во програмата која се подготвува за наредните парламентарни избори за таа да биде поблиска до народот.

Многу идеи кои граѓаните ги дадоа на пример за едно евро за метар квадратен за продажба на државно земјиште беа прифаетени и ставени во минатата програма и се покажаа како многу успешни, вели  Михаилов.

Михаилов објаснува дека идеите се ставаат во плика и од кога ќе заврши собирањето стручен тим ги отвара и ги разгледува и тие што се прифатливи ги имплементира во програмата. Деновите на идеи ќе траат до крајот на неделата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top