• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Сообраќајната полиција од Охрид одзеде девет возачки дозволи на алкохолизирани возачи

Сообраќајната полиција од Охрид одзеде девет возачки дозволи на алкохолизирани возачи

Осум лица управувале моторни возила под дејство на алкохол, еден одбил алкотестирање а девет возачи се исклучени од сообраќај во ноќешната акциска контрола на охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај.

 |  Голабовски Крсте  | 
policaec
полицаец

alko testОсум лица управувале моторни возила под дејство на алкохол, еден одбил алкотестирање а девет возачи се исклучени од сообраќај во ноќешната акциска контрола на охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај.

По тие основи, сообраќајната полиција одзеде девет возачки дозволи и издаде исто толку платни налози.

Синоќешната акциска контрола имаше за цел подигнување на безбедноста и заштитата во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Вакви акциски контроли ноќеска се реализираа на целото подрачје на СВР Охрид. Мерките ќе се спроведуваат кон сите учесниците во сообраќајот што ги кршат одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Оттука,  повикуваме на целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и максимален придонес од сите учесници за поголема безбедност и сигурност во сообраќајот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top