Лотос студијата ќе открива дали локалните самоуправи во Охрид, Струга, Вевчани и Кичево работат транспарентно и отчетно и дали во нивното функционирање има коруптивни елементи.
Оваа студија се изготвува во рамки на проектот „Размена на најдобрите практики од ЕУ за следење и спречување на корупцијата на локално ниво“ што го спроведува ,,Локалната агенција за развој’’ од Струга во партнерство со ,,Центарот за истражување и креирање политики (CRPM)’’ од Скопје.
Според Локалната агенција за развој, главната цел на овој проект е промовирање на практиките за антикурупција и добро владеење на локално ниво. Од таму сметаат дека со спроведувањето на овој проект ќе се подигне нивото на свесност и познавањето на граѓанското општество, но и дека ќе се изградат потребните капацитети за следење на корупцијата на локално ниво. Проектот ЛОТУС претходно е спроведен и во Хрватска преку НВО „Гонг“ која токму преку реализирањето на овој проект веќе зазема место на активен граѓански чувар на транспарентноста и одговорноста на локалните самоуправи во Хрватска.
Инаку од Локалната агенција за развој со цел подетално да се запознаат со методологијата која била применета во Хрватска за овој проект тие имале и студиска посета на Загреб. Тие сметаат дека генерираните искуства во Хрватска во голема мера ќе им помогнат во спроведувањето на оваа студија за транспарентност и отчетност и кај нас. Освен Охрид, Струга, Вевчани и Кичево во рамки на проектот ќе бидат опфатени и општини од останатите плански региони во Република Македонија. Покрај граѓанскиот сектор во реализација проектните активности вклучени се и ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа и националните антикорупциски тела.
Инаку проектот е финансиран со средства од Европската унија, а целта ќе биде да покаже дали локалните самоуправи во Охрид, Струга, Вевчани и Кичево работат транспарентно и отчетно и дали во нивното функционирање има коруптивни елементи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град