Бакрачески на сите жени го честита празникот

Градоначалникот Никола Бакрачески на сите припадничките на понежниот пол им го честита 8 ми март. Тој посочи дека состојбата со правата на жените не само во нашиот град, туку и во нашата држава се подобрува, за што доказ е присуството на жените во сите свери на општественото живеење, нивното делување и влијание во градењето на општествените стратегии и политики.

 |  Николоска Биљана  | 
gradonacalnik gerijatrija
градоначалник геријатрија

gradonacalnik gerijatrijaГрадоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, по повод 8 ми март меѓународниот празник на жената оствари средби со голем број на претставнички од понежниот пол.

Каранфили од градоначалникот добија и постарите охриѓанки на одделението за геријатрија.

„На сите жени од Охрид и од Р. Македонија многу среќа и здравје, помалку грижи и се надевам дека еден ден Македонија и Охрид ќе биде место каде што нема да постојат ниту социјални ниту полови предрасуди и местото на жената во целокупното живеење ќе биде подеднакво“ – изјави Бакрачески.

gradonacalnik gerijatrijaДиректорот на општа болница Охрид, Љубен Арнаудов, изрази задоволство од посетата на градоначалникот на одделението за геријатрија.

За прв пат еден градоначалник дојде тука не само да им честита 8 ми март на старите наши пациентки, него да се запознае со ситуацијата која е реално тука и пројави интерес да ни помогне овој центар понатаму да го развиеме во еден подобар центар онака како што заслужува Охрид“ – рече Арнаудов.

Каранфил од градоначалникот добија и охридските пензионерки, кои и годинава беа на осмомартовски ручек во хотел Ревиера. Пензионерките го искористија празникот за убаво дружење во пријатна атмосфера со песна и оро.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top