Охрид доживеа преродба, велат од ВМРО ДПМНЕ

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешната пресс конференција истакнаа дека Охрид со нивниот Градоначалник доживеал преродба . Набројаа повеќе инфраструктурни зафати со кои се подобрило живеењето на граѓаните.

 |  Јаковлева Лионела  | 
mitrovic
митровиќ

„Охрид со  Градоначалникот Никола Бакраческим за една година доживеа преродба. Се подобри патната инфстрактура и се реконструираа многу патишта во Општината“, рече  портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Никола Митровиќ на денешната пресс конференција. знамињаКако пример ги посочи асфалтирањето на улицата  Радојца Новичиќ, улицата Сирма војвода, улицата Богомилска, улицата Петрино, улицата Крум Точко, улицата Јане Сандански, улицата Ристо Чадо. Митровиќ рече дека асфалтирани се и поголем дел на тесни улички пред значајни институции како што се градинки, училишта и уште многу други површини низ селските средини на Општина Охрид.

Ова преставува само мал дел од подобрувањето на целосната инфраструктура на градот Охрид. Затоа ја прашуваме ОО СДСМ, каде беа во нивните мандати да се присетат на подобрување на патната инфраструктура на градот?Познати ли им беа на СДСМ потребите на нивните сограѓани за подобро инфраструктурно уредување? Градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа како и ВМРО ДПМНЕ своите ветувања ги изразуваат преку дела, рече Митровиќ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top