Силувано 14 годишно момче во Дебар. Против 62 годишен дебарчанец, Полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава за сторено казнено дело „Силување“ и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено-поправна установа во Скопје.
Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 21-ви до 28-ми минатиот месец при што, и покрај покажаното спротивставување од жртвата тој го присилил и извршил обљуба над малолетното момче.
Нападот го извршил во близина на едно училиште во Дебар.
Од СВР Охрид информираат дека во расветлувањето на ова казнено дело, покрај полициски службеници вклучени биле и стручни лица од Центарот за социјални работи по чија иницијатива, специјалист хирург извршил специјалистички преглед во општата болница во Дебар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град