Стручното образование голем предизвик за идните средношколци

Средното стручно образование, неговата примена и потреба во Р. Македонија и Р. Словенија. На оваа тема денес во петтата приватна гимназија во Струга дискутираа директорите на Центарот за стручно образование од Македонија и Словенија, со цел да се олесни изборот на родителите за тоа каде треба нивните деца да се школуваат понатаму.

 |  Николоска Биљана  | 
petta privatna gimnazija
петта приватна гимназија

petta privatna gimnazijaМакедонија за развој на стручното образование ќе користи искуства од Словенија. Денес во петтата приватна гимназија во Струга, директорите на Центарот за стручно образование од Македонија и Словенија, пред учениците, родителите и наставниот кадар на образовните институции од охридско струшкиот регион држеа предавање за тоа кои се бенефитите од гимназиското и стручното образовнаие. Директорот на Петтата приватна гимназија Ает Кариманоски, вели дека тоа во многу ќе помогне во определбата на родителите за тоа какво образование сакаат за своите деца.

„Родителите и децата треба да знаат што нуди средното стручно образование, која е нивната перспектива со средното образование. Денес сакаме да ги споделиме искуствата во Р. Македонија и Р. Словенија колкава е можноста после завршување на средно стручно образование да се вработата кај нас“– нагласува проф. Кариманоски.

Директорот на Центар за стручно образование во Македонија, Зекир Зекири нагласи дека денешната трибина во Струга е од исклучителна важност за подигнување на свеста за стручно образование, бидејќи според него тоа е иднина во развојот на општеството.

„Заради тоа што имаме на Европско ниво декларација, значи имаме и на ниво на држава усвоено стратегија за развој на стручно образование пазарот на трудот тоа го бара и ние како Центар сакаме да ја подигнеме свеста на целото население не само во Струга туку и поопширно“ – вели проф. Зекири.

petta privatna gimnazijaЗа словенските искуства во воведување на новитетите во стручното образование, говореше директорот на Центар за стручно образование на Словенија, Елидо Бандер. Тој нагласи дека во Европа има добри но и лоши искуства, но сепак целта е да се помогне на некоја држава да не направи погрешни чекори.

„Навистина стручното орбазование претставува основата на која треба да се заснова економијата околку сакаме да ја подигнеме, во секој случај потребни ни се работници кои се квалификувани, работници кои се компетентни, кои поседуваат, знаења и вештини, за да можат да го помогнат економскиот развој на една држава. Ако ги погледнете сите овие декларации кои ЕУ ги вовела, повеќе или помалку акцент се става на стручното образование поради мобилноста и применливоста на тие квалификации со кои луѓето може да се стекнат или преку образованието или преку некое неформално образование кое го среќаваат низ целиот живот. Значи како тоа да се вметне во системот и од тој систем сите да имаат бенефит“– појаснува проф Бандер.

Трибината на тема „Средното стручно образование, неговата примена и потреба во Р. Македонија и Р. Словенија“ ја следеа ученици, родители, дел од наставниот кадар на охридско – стерушкиот регион, а присутен беше и главниот менаџер на ФОН проф. Сефер Цаноски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top