„38-годишниот охриѓанец кој минатата година издрогира брачен пар од Скопје приведен од страна на српската полиција во Врњачка Бања. Имено, полицијата во Србија го уапсила заради кражба на техничка стока од бугарски државјанин, но за тоа е информирано и македонското МВР кое трага по него цели осум месеци“, информираат локалните електорнски медиуми.

Само за потсетување, осомничениот во јуни минатата година поставил оглас на социјалните мрежи за продажба на возило Мерцедес произведено 2002 година по цена од 3500 евра. Непосредно потоа, стапил во контакт со брачен пар од Скопје кој пројавил интерес за понуденото возило. Договорил средба која ја оствариле на 3-ти јуни во Охрид. Еден од пријавените ги одвел сопружниците во стан на ул. „Мирче Ацев“ под изговор дека треба да ја сочекаат неговата сопруга која наводно била излезена со возилото.
Второпријавениот во меѓувреме отишол да купи инстант нес кафе и кисела вода од продавница и му ги дал на првопријавениот, па се сокрил во подрумска просторија од зградата на улицата „Мирче Ацев“.
„Пријавениот ги послужил сопружниците со инстант кафе и минерална вода . После тоа брачната двојка почувствувала зашеметеност и губење на свеста. Кога се освестил сопругот забележал дека се наоѓа на планина на место со поглед на Езеро, а до него во бесознаие лежела неговата сопруга. Тој забележал дека таа го има мобилниот телефон кај себе со кој тој се јавил и ја известил полицијата за случајот, и дека не знае каде се наоѓа“, кажа Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град