Основците во градов немаат топол оброк

Долго време не функционираат училишните кујни каде се подготвуваше топол оброк. Директорот на Основното училиште Христо Узунов вели дека доколку има интерес би ја возобновиле кујната. Родителите сметаат дека тоа е добра идеја.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kujna
кујна

Дали ќе се врати топлиот оброк во основните училишта во градов. Ова прашање подолго време се наметнува од советникот Јоне Станкоски кој рече дека Локалната треба да направи напор повторно да се отворат училишните мензи каде ќе се подготвува квалитетна храна за учениците, а не како што е сега случај тие да јадат брза храна и пецива кои и тоа како се одразуваат на нивното здравје. Станкоски повикувајќи се на истражувањата на стручните лица кажа дека точно треба да се знае колку децата внесуваат минерали, витамини, протеини, јаглени хидрати и останати материи неопходни за правилен раст и развој на децата. Директорите на училиштата од градов со различни ставови по ова прашање. Директорот на основното училиште „Христо Узунов“ кое во минатото имаше една од најголемите и најдобро опремените кујни вели дека засега и кај нив децата консумираат ладен оброк.деца

Сега засега учениците се задоволни од  исхраната во кујната. Се хранат повеќе од половина од учениците. Квалитетот на исхраната е добар. Сигурно дека тој топол оброк беше подобар, но не знам дали ќе има економска оправданост за тоа. Ако учениците имаат интерес ние ќе направиме напор за возобновување на кујната, вели директорот.

Родителите имаат свое мислење по ова прашање. Поголемиот дел од нив смета дека треба да се подобри квалитетот на исхраната во училиштата и дека добро е да се воведе топол оброк.

Инаку, во основните училишта во градов има 4800 деца
Доколку Локалната самоуправа би одлучила да го субвенционира проектот за возобновување на училишните кујни, за секој ученик треба да издвојат по 300 ден. Околу 300 деца се од социјално загрозени семејства каде општината би требало целосно да го покрие трошокот. На годишно ниво таа од буџетот би требало да одвои 15 мил. денари за оваа намена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top