Претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ванчо Костоски смета дека казнената политика во Република Македонија е премногу драстична, а казните неприродно високи.
ВМРО Народна партија со став дека во Република Македонија има драстична и неприродна казнена политика. Претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ванчо Костоски вели дека во земјава има преголем број на казни во сите сфери на живеењето. Како пример тој ги посочи казните од 10.000 евра за фирма која држи неосигурено вработено лице, казните од 4 до 5000 евра за неиздавање на фискални сметки, како и казните за пушење во затворени и јавни простории и фрлање на отпушоци.
Костоски смета дека нелогично е казната за пушење во јавни и затворени простории која изнесува 150 евра да биде идентична како минималната плата која ја зема обичниот граѓанин.
Костоски на денешната прес конференција излезе со предлог за намалување на износите на казните во најразличните сфери од човековото живеење, иницијатива за која тој вели дека била покрената и одбиена неколку пати.
„Очигледно дека власта не ги услиши овие наши напори, затоа сега кажуваме, како политичка партија, на следните предвремени парламентарни избори кои се одржуваат набрзина, на првите седници во парламентот, ВМРО Народна партија, преку своите претставници во парламентот ќе донесе иницијатива што мислиме дека ќе се прифати, за енормно намалување на овие казни, односно од 70 до 90 проценти. Казните треба да бидат поука за луѓето за намерно или ненамерно направените грешки, а не уништување на животите и фирмите, и економското живеење во Република Македонија.“-вели претседателот на ВМРО Народна партија од Охрид, Ванчо Костоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град