15 –тина вработени од секторот за локален економски развој и шестмина инспектори од општинскиот инспекторат ги прават завршните подготовки за дислоцирање во нови простории.
15 –тина вработени од секторот за локален економски развој и шестмина инспектори од општинскиот инспекторат ги прават завршните подготовки за дислоцирање во нови простории.
Локалната самоуправа им ги отстапува просториите на инспекторите од УЈП, а за возврат добива нова локација. Никола Манески, портпарол вели преселбата на овие две служби на трет кат во зградата каде што е сместена УНИ Банка, сеуште е резултат на недодефиниран договор. Станува збор за џентелеменска спогодба вели портпаролот Манески. Преписката на релација локална и централна власт за ослободување на просториите, траела скоро една година.
На вработените од секторот за локален економски развој ова им е втора селидба. Пред две години тие беа принудно иселени од просториите на ЈП за стопанисување со јавен и деловен простор. Дали постои можност да пропадне и оваа како претходната, портпаролот на градоначалникот Манески вели постои таква можност , но додава дека се надминати недоразбирањата помеѓу локалната и централната власт. Сепак очекувањата на локланата самоуправа се дека оваа преселба нема да пропадне во вода туку напротив можно е изнаоѓање и на ново подобро решение. Манески ги отфрла и тврдењата дека оваа дислокација е поврзана со изградбата на шалтер салата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град