Што се случува со струшка дијализа?

Што се случува со струшка дијализа? Концесионерот кој ја доби лиценцата за вршење дијализа, Орка Холдинг, од вчера 03. март отпочна со обавување на својата дејност, односно дијализата. Засега останува опремата со која и досега се изведуваше процесот на дијализа, како и медицинскиот персонал, сестри, болничари и хигиеничари.

 |  Николоска Биљана  | 
dijaliza
дијализа

 

dijalizaНовиот концесионер Орка Холдинг го презеде работењето на одделот за дијализа при Заводот за нефрологија во Струга. Ваков е впечатокот на пациентите кои со години таму вршат дијализа. Концесионерите кои добија лиценци за работа во овој сегмент од здравството презедоа низа обврски како: изградба на нови простории и целосна реконструкција на постојните, обезбедување современа апаратура и замена со нови на нефункционалните столови. Но во струшка дијализа според кажувањата на пациентите, барем засега нема ништо од тоа. Единствено во моментов на пациентите им бил обезбеден транспорт, односно охридскиот превозник Пупе компани веќе ги контактирал пациентите за дијализа. Исто така според она што успевме да дознаеме од пациентите, во стручниот дел на одделението за дијализа, во текот на вчерашниот ден имало тројца нови доктори со кои за прв пат се виделе вчера, а не се појавил ниту еден од докторите кои досега ја воделе нивната историја на болеста.
dijalizaИнтересно е што освен пациентите никој од персоналот во Заводот за нефрологија Струга не сака да зборува за состојбата во одделението за дијализа. Стапивме во контакт и со службата за односи со јавност на концесионерот Орка Холдинг. Од таму побараа нашите прашања во писмена форма да им ги испратиме на имејл. До затварање на дневникот од Орка Холдинг не добивме одговор.

На конкурсот за издавање под концесија на 19 те центри за дијализа во земјава објавен во мај минатата година најдобри понуди доставиле Орка Холдинг АД Скопје и Метрополитен ДООЕЛ Скопје. Инаку, од она што претходно се знае, Орка Холдинг до крај на 2013 година требаше да отвори и нов центар за дијализа во Охрид. Министерот за здравство Никола Тодоров, издавањето под концесија на центрите за дијализа го коментираше како неопходен процес со цел да се надмине катастрофалната состојба во истите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top