• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Основците се учат како во секојдневниот живот да ги применат искуствата и откритијата од НАСА

Основците се учат како во секојдневниот живот да ги применат искуствата и откритијата од НАСА

Директорот на основното училиште „ Христо Узунов“ , Тони Сомоновски во месец јуни, ќе учествува на Академијата во Хантсвил- Алабама  во седиштето на НАСА каде ќе се одржува петнаесетдневна обука на тема  „Природни богатства и нивна искористеност“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
nasa
наса

Искуствата од НАСА ќе се применуваат и кај нас. Директорот на основното училиште „ Христо Узунов“ , Тони Сомоновски во месец јуни, ќе учествува на Академијата во Хантсвил- Алабама  во седиштето на НАСА каде ќе се одржува петнаесетдневна обука на тема  „Природни богатства и нивна искористеност“.
Ова е втор пат Симоноски да го посети седиштето на НАСА. Прв пат на академијата беше  во 2011та кога се здоби со сертификат за предавач и тоа на тема „Поттикнување на младите да ги изучуваат техничките струки и изучување на предметите по природни науки“.тони симоноски

Поголемиот дел од обуката беше во астрономскиот дел од НАСА. Посетивме голем број курсеви за преживување, учевме за условите во вселената, меревме притисок, учевме како да се снаоѓаме во вонредни услови, изјави директорот.

Симоновски објаснува дека искуството кое таму го стекнал е единствено. Предавачи му биле еминентни лица од НАСА меѓу кои имало тројца кои повеќепати стапнале на месечината.

Дружењето со нив и разговорите со нив беше како да се наоѓаме на Месечината. Педесет предавачи несебично ни ги нудеа своите знаења, вели директорот.

Симоновски кажува дека на Академијата во 2011та учествувале преставници од 143 земји од светот, а од Македонија биле тројца. Овојпат од нашата земја потврдено е само неговото учество.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top