Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон изјави дека сите успеси во фудбалот ги должи на неговата омилена учителка која во основно училиште често го тепала со каиш.
Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон изјави дека сите успеси во фудбалот ги должи на неговата омилена учителка која во основно училиште често го тепала со каиш.
Најтрофејниот фудбалски менаџер призна дека истиот тој каиш сега е закачен во неговата работна соба кај него дома, а го добил кога починала учителката Елизабет Томсон.
„Шест удари со тој каиш и ќе бидете во агонија. Тоа беше казната, во мој случај најчесто затоа што што се тепав во дворот“, наведува Фергусон во текстот „Мојата најдобра учителка“.
Фергусон во текот на менаџерската кариера беше познат како тренер кој сака дисциплина и ред и често ги казнуваше играчите.
„Елизабет Томсон ме инспирираше. Имаше некој вид на сурова одлучност, но се со цел да не натера да бидеме најдобри. Дефинитивно влијаеше на тој дел од мојата личност“, објасни легендарниот Шкотланѓанец.
Фергусон додаде дека останал во контакт со учителката и по завршувањето на школото.
„Кога почина, не можев да отидам на погреб, но подоцна заминав на гробишта. Ми го оставила каишот. Нејзиниот роднина ми испрати писмо во кое стоеше: Вие за овој каиш знаете повеќе од било кој друг. Морам да признаам дека и моите внуци се плашат од оваа приказна“, додаде Ферги.
Телесното казнување на деца во Глазгов официјално е укинато во 1982. година, а Фергусон во училиште одел во 50 години од минатиот век.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град