Кој е рецептот за реновирање на Комитетот во Струга?

Некогашниот објект на струшкиот Комитет, оставен да пропаѓа од забот на времето. Стружани бараат ова место да се уреди, објектот да се реновира, како и  поголема одговорност на сопствениците.

 |  Николоска Биљана  | 
komitet struga
комитет струга

Пропаѓа зградата на некогашниот комитет во Струга. Сместен во центарот на градот, во близина на Центарот за култура, од едната страна на реката Црн Дрим, овој објект наликува како оние од хорор филмовите. Пуст и напуштен, искршени стакла, пајажини насекаде, склад за дрва,  и што се уште може да се набројува, доколку намерно или случајно поминете од тука.

komitet strugaСтружани сеуште паметат како пред 3 децении изгледаше овој објект. Но сега го гледат како место кое ја нагрдува туристичка Струга. Има и такви кои дирекно посочија кој според нив е виновникот што објектот е во така лоша состојба.

До доаѓање на оваа состојба беше многу убаво. За разлика од растуривањето на овој дом па навака овде беше ругло на се и сешто, од наркомани до ѓубриште за цела маала и пошироко, така да неможеа да излезат на крај и комуналциве.
„Не е проблемот во недостиг на иницијативи, колку што сум запознаен претходниве години имало иницијативи но очигледно проблемот е во корисниците на овој објект. Прво што ми паѓа на памет во однос на нивниот однос кон објектот е дека ако тие неможат да се разберат за еден нивен објект што е во нивен интерес да е во добра состојба како ќе се разберат за прашање кои што се од интерес на граѓаните“ – кажуваат стружани.

Стружани веруваат дека надлежните ќе воспостават комуникација со сопствениците и ќе им предочат дека треба да поводат сметка за санирање на објектот кој се наоѓа на прометно место пред очите не само на стружани туку и на туристите.

komitet struga„Требаше одамна, само ние сме рогови во вреќа па не знаеме кој на кого сакаме да му посметаме, све ни смета ако го земе еден зошто тој а не другиот па поради тоа остана на забот на времето да пропаѓа“.
„Очигледно дека тоа зависи од сопствениците тие мора да имаат некаква согласност или консензус околу имотната состојба, сепак и покрај тоа што добиваме впечаток дека се работи за приватен објект тој сеуште обавува некаква јавна функција, нели за тоа разговараме“.

Дека објектот е сопственост на 4 субјекти,  потврдуваат од ОО на СДСМ и од Сојузот на синдикати. Од СДСМ претседателот Даме Ложанкоски, не беше многу расположен да разговара на оваа тема само кратко во телефонски разговор за ТВМ изјави дека кога ќе се усогласат работите со сите субјекти, расположени биле да изнајдат решение објектот да се реновира. Додека пак од Сојузот на синдикати Струга ни посочија за подетални информации да се јавиме во Сојузот на синдикати во Македонија, но велат дека повремено делот со кој тие стопанисуваат го даваат под кирија во таква состојба каква што е. Простории во овој руиниран објект поседува и Социјалистичката партија и Сојузот на борци од Струга но со нив не успеавме да стапиме во контакт.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top