Крај на кариерата на Дел Потро?

Според пишувањето на разни медиуми, кариерата на Хуан Мартин Дел Потро е под знак прашалник поради проблемите со зглобот.

 |  Голабовски Крсте  | 
JuanMartin Del Potro
Хуан Мартин Дел Потро

Според пишувањето на разни медиуми, кариерата на Хуан Мартин Дел Потро е под знак прашалник поради проблемите со зглобот.

JuanMartin Del PotroТој после долгиот медицински тајм аут мораше да го предаде натпреварот против Сомедев Деверман во Дубаи после тај брејкот во првиот сет. Дел Потро во текот на целата своја кариера се мачи со зглобовите, што можеби е и најлоша повреда за еден тенисер.

“Не е баш позитивно за мојата иднина. Ќе направам се што ќе ми каже мојот доктор и ќе морам да бидам пред се ментално силен. Ќе видам дали ќе биде потребна операција, тоа сеуште не го знам. Но, она што го знам е дека не се чуствувам добро. Трпам големи болки”- изјави Дел Потро.

Дел Потро за сега има еден Гренд Слем во кариерата, тој го освои УС Опен во 2009 година, а доколку немаше проблеми со повредите веројатно ќе имаше и повеќе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top