Поставувањето на урбана опрема се прави според изработена програма за таа намена.
Утринава екипи на јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид започнаа со обележување на границите за поставување на урбана опрема во старата чаршија. Сопствениците на угостителски објекти кои сакаат да поставуваат урбана опрема пред своите објекти, најпрво мора да го закупат тој простор, според цената која ќе ја одреди Советот на општина Охрид при носењето на Програмата за поставување урбана опрема.Инаку, секоја година согласно Законот за градба, се донесува програма за поставување на урбана опрема кој се состои од два дела, графички и текстуален. Во тие делови дефинирани се сите правила за поставување урбана опрема и одредување локации каде може да се постави истата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град