Десеткувани тезгите на пазарот

ЈП Градски пазар стопанисува со 220 тезги. Директорот вели дека 80% од нив се издадени под закуп, иако сликата зборува дека добар дел од тезгите се празни.

 |  Николоска Биљана  | 
pazar
пазар

Добар дел од тезгите во градскиот пазар се празни. Кризата по се изгледа почна да ги десеткува тезгите. pazarНа пазарот со кој стопанисува ЈП Градски пазар се повеќе се забележуваат празни продажни места, а во последно време дури и слободен простор со целосно отстранети тезги.  Првиот човек на ЈП Тони Коталески вели дека има заинтересираност за закуп на тезгите и тврди дека 80% од нив се издадени.

„Имаме негде 150 тезги за замјоделски производи , 50 тезги за бижутерија и 20 тезги за текстил. Од сите тие вкупно 80% се издадени на годишно ниво со закуп, 10% се со закуп за период од шест месеци и по 5 % се со закуп на 3 месеци и на 1 месец. Заинтересираност има во пазарот всушност во континуитет луѓето што си продавале претходните години, продолжуваат ги изнајмуваат тезгите и оваа година. Зимскиот период е потежок“ – изјави Коталески.

pazarОхридскиот пазар во секое време има слободни тезги, вели Коталески. Додава дека огласот е постојано отворен, условите се добри и сите  заинтересирани можат да се обратат во нивните служби.

„Условите се едноставни ако е земјоделц поединец, треба да достави документ за тоа и склучуваме договот, тој на годишно ниво е негде 1800 денари за закуп на цела година, нема некои посебно тешки услови ако е приватна фирма треба да донесе документ од централен регистар дека е правно лице“– појаснува Коталески.

ЈП Градски пазар на тезгаџиите односно на закупците им обезбедува ред, хигиена и пристап. Коталески напомена дека слободните тезги во пазарот се означени со зелен натпис, и дека нивните служби односно инкасаторите во секое време на сите заинтересирани на лице место им ги појаснуваат условите за закуп. Исто така ЈП во рамките на пазарот стопанисува и со 8 дуќани кои во моментов се издадени на закупци.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top