Брза реакција на ЕВН. Решен проблемот со електричната разводна кутија, во населбата „Гоце Делчев“.
Брза реакција на ЕВН. Решен проблемот со електричната разводна кутија, во населбата „Гоце Делчев“.
После информацијата пласирана од страна на ТВМ Телевизија, уште во текот на истиот ден на објавувањето на информацијата, оваа разводна електрична кутија, која извесен период беше отворена, службите на ЕВН Македонија, соодветно ја затворија.
Инаку овој електричен објект, веќе неколку години беше незаштитен и отворен. Ситуацијата беше сериозна бидејќи истиот се наоѓа на само десетина метри од детското игралиште каде се рекреираат најмладите жители од оваа населба. За да се заштитат, некои од жителите ја потрпреле вратата од орманчето со лесонитни табли, што во никој случај не беше решение за овој проблем.
Од ЕВН со препорака, ваквите или слични проблеми, навремено да бидат пријавени до нивните служби, се со цел зголемување на безбедноста и квалитетот на снабдување со електрична енергија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град