Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески да си поднесе оставка или да биде разрешен од страна на градоначалникот Никола Бакрачески. Причина за тоа е што на документот, за според Дејан Блажески, Советникот од ЛДП нелегалното поставување на лизгалиштето, стои потписот на секретарот Димтар Спасески и неговата сопруга Ирена Здравеска.
За советникот од ЛДП, Дејан Блажески како што вели тој „аферата лизгалиште“ сеуште не е затворена тема. Тој денеска побара секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески да си поднесе оставка или да биде разрешен од страна на градоначалникот Никола Бакрачески. Причина за тоа е што на документот, за според Блажески нелегалното поставување на лизгалиштето стои потписот на секретарот Димтиар Спасески и неговата сопруга Ирена Здравеска.
Ова е таа коализија на документи за која што ви зборував, се гледа дека еден документ со друг се судираат. Двоецот Спасески- Здравеска бараат поставување на лизгалиште. Побарала Здравеска, а одобрил Спасески, изјави Блажески.
Блажески рече дека лизгалиштето како урбана опрема не било изгласано во овој состав на совет туку во претходниот кога градоначалник беше Александар Петрески.
Знаејќи дека не е поминато на совет како урбана опрема се повикале на стара одлука која не е важечка, рече Блажески.
Блажески презнетира и документ потпишан од секретарот Димитар Спасески за наплата на комунална такса за поставување урбана опрема за фирмата која стопанисуваше со лизгалиштетото, а во висина од 119 000 денари. На крајот тој побара да се активира јавното обвинителство и да покрене истрага за сите овие нејасни прашања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град