Реномираниот медиум специјализиран за ракомет, Balkan Handball денес објави дека македонскиот ракометен шампион, Вардар преговара со хрватскиот репрезентативец, Блаженко Лацковиќ.
Реномираниот медиум специјализиран за ракомет, Balkan Handball денес објави дека македонскиот ракометен шампион, Вардар преговара со хрватскиот репрезентативец, Блаженко Лацковиќ.
34-годишниот по 10 години поминати во Бундеслигата е во преговори да се пресели во Македонија, во редовите на Вардар. Од клубот не сакаа да ја демантираат или да ја потврдат оваа информација, но ако тврдењето на Balkan Handball е точно, Вардар ќе се засили со искусен ракометар.
Лачковиќ беше дел од прославената селеција на Хрватска која освои злато на ЛОИ во Атина, а на последната Олимпијада во Лондон освои бронзен медал.
Според Balkan Handball, на Лацковиќ му истекува договорот со Хамбург ова лето, а покрај Вардар заинтерирани за услугите на Лацковиќ биле и од унгарскиот Пик Сегед.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град