Сувенирници има, недостасуваат автентични сувенири

Новоотворените сувенирници во градов најпосетени од домашните гости. Странците велат дека во нив недостигаат автентични сувенири кои можат да ги понесат со себе. Од Завод и музеј го воочиле овој недостаток и работат на тоа до туристичката сезона да обезбедат поголема понуда на сувенири.

 |  Јаковлева Лионела  | 
suvenirnica
сувенирница

 

Охридскиот бисер најпродаван во двете сувенирници во градов. Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска вели дека во однос на тоа што сувенирниците работат само шест месеци, задоволни се од интересот на посетителите. Зачудувачки е, додава Паскали што сувенирниците повеќе се посетени од домашни туристи отколку од странци. Покрај бисерот се продаваат и копии од артефакти, мапи, сложувалки, беџови, магнети.

Парите ги користиме строго наменски за трошоци и за хонорар на волонтерите. Сувенирите кои се продаваат бидејќи се земени на консигнација одпосле им ги плаќаме на производителите, вели Бунташеска.сувенирница

Паскали Бунташеска вели дека на градов му недостигаат повеќе автентични сувенири па затоа преговарала со некои резбари од градов за да изработат сувенири од дрво како на пример макета од охридскиот чун, Св. Климент во помали димензии, а ќе се нудат и уметнички слики со мотиви од Охрид чија цена нема да биде многу висока. Ќе има и сувенири од етнологија како плетени чорапи.

Планирам да направам еден список на предмети кои би требало  во тек на летниот период да ги имаме подготвено и да ги нудиме во нашите сувенирници, вели директорката.

Инаку за скоро време треба да се отвори уште една сувенирница лоцирана кај охридската пошта. Другите  две се на градскиoт плоштад Св.Климент Охридски и кај чинарот. Засега најпосетена е онаа што се наоѓа  кај чинарот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top