Бурни реакции за ДУП-от за првата урбана заедница

Деталниот урбанистички план за првата урбана заедница предизвика бура реакции кај дел од граѓаните од стариот дел на градот. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека доколку мнозинството од жителите смета дека овој план има голем број недоследности тогаш тој нема да биде донесен.

 |  Јаковлева Лионела  | 
plan
план

Презентацијата на Предлог-деталниот урбанистички план за првата урбана заедница ја вжешти атмосферата во општинската зграда. Голем дел од жителите кои живеат во стариот дел на градот реагираа на  новиот предлог-план за оваа урбана заедница.

Не може план за стариот дел на Охрид да се носи без да се изврши геометарско испитување. Јас доставив доказ дека не се исти основите. Планот е изработен на стари, а не на нови основи. Дадов 200 евра да се направи геометарски елаборат затоа што не беше снимен еден кат. А пред мене воведоа два ката со тоа ги покрива комплетно. растојание меѓу мојатаи неговат акуќа е на едно метро. Можеме рака да си пуштиме, рече охриѓанецот Борис Димзов.

Имаше и такви жители на стариот дел од градот кои се задоволни од најновото урбанистичко решениплане.

Бурната расправа ја прават неколку луѓе кои ги искористија законските норми за легализација и направија свои згради. Тоа се 5-6 куќи во градот кои прераснаа во касарни. Сега тие не дозволуваат нивните соседи и пријатели да изградат нешто. Планот е донесен согласно сите законски норми. Ние веќе 30 години го очекуваме да се донесе и веќе е време за тоа, рече Олег Маленко, жител на стариот дел од градот.

Градоначалникот Никола Бакрачески обраќајки им се на незадоволните граѓани рече дека планот поминал една долга постапка низ која имало усогласување со сите институции кои се надлежни при спроведување на постапката за донесување на еден урбанистички план. Бил инволвиран Секторот за урбанизам, Заводот и музеј од Охрид, Министерствата за култура, за животна средина и за транспорт и врски. При реализација на овој план имавме долга постапка на негово усогласување со законската регулатива, рече Бакрачески.

Доколку мнозинството од жителите смета дека има голем број недоследности односно планот не е направен така како што сметаат тие, тогаш тој нема да биде донесен, рече Градоначалникот.

Бакрачески потенцираше дека доколку дојде до тоа согласно постоечките законски прописи ќе има многу долга процедура за донесување на нов план.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top