Норвежаните со најмногу злато во Сочи

По 13-тиот ден на Зимиските Олимписки игри во Сочи, Норвешка и натаму е лидер по бројот на освоени златни медали.

 |  Голабовски Крсте  | 
olimpiski medali
олимписки медали

По 13-тиот ден на Зимиските Олимписки игри во Сочи, Норвешка и натаму е лидер по бројот на освоени златни медали.

olimpiski medaliСпортистите од оваа држава имаат освоено 10 златни медали, а вчера освоија еден во нордиска комбинација – екипно.
Веднаш зад нив на листата се американските спортисти со 8 златни одличја или вкуупно 25 (најмногу од сите).
Вчера две злата освои Канада (карлинг и хокеј на мраз кај жените), додека Русија (уметничко лизгање – жени) и Франција (слободно скијање) по еднаш се радуваа на првото место.

Пласман според освоените медали: Норвешка (10 златни – 4 сребрени – 7 бронзени) 21 вкупно, САД (8-6-11) 25, Германија (8-4-4) 16, Русија (7-9-7) 23, Канада (7-9-4) 20, Холандија (6-7-9) 22, Швајцарија (6-3-2) 11, Белорусија 6 (5-0-1), Франција  (4-4-7) 15, Полска (4-0-0) 4, …
Денеска на Игрите ќе бидат поделени седум комплети медали. Дваесет држави имаат освоено златен медал, а вкупно 26 држави имаат барем еден медал на Игрите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top