Ресторанот на охридските гробишта речиси еден месец не работи. Истекол договорот со досегашниот корисник, информира директорот на ЈП Градски Гробишта. Ресторанот ќе проработи откако ќе се преземат зафати за негово реновирање, бидејќи во моментов состојбата на овој објект е очајна.
Ресторанот кој работи во склоп на охридските гробишта под клуч. Влага, мувлосани и напукнати зидови, пајажини, неподнослива реа во делот каде што се готви, неиспрани завеси, дотраена и излупена дограма и што уште не, се е дел од амбиентот кој не иполнува минимум услови за извршување на дејноста за која е наменет, а цели 11 години е во владение на фирмата Ивире, вели првиот човек на ЈП Градски гробишта Зоран Симоноски. Тој додава дека договорот со досегашниот корисник, завршил на 27 јануари оваа година и истиот не е продолжен, од причина што затекнале катастрофално лоша состојба во објектот. Симоноски појаснува дека мора да извршат некаква санација во ресторанот за истиот да може да биде издаден под наем.
„Овој краток период нашите служби од градежниот сектор и други служби кои што ни се напомош, вршат детални анализи колку треба да се инвестира и што е најнеопходно да се преземи за да се стави во функција и да ги задоволи оние најнеопходни услови по стандардите согласно законот. Во завршна фаза се подготовките и за многу краток ќе биде распишан оглас за издавање на ресторанот значи најтренспарентно и по сите законски регулативи “- вели Симоноски.
Многу субјекти од градов пројавуваат интерес за изнајмување на ресторанот кој работи во состав на ЈП Градски Гробишта, вели директорот. Тој нагласи дека согласно одлука на Управен одбор добар дел од критериумите за издавање на тој објект биле променети и очекуваат во иднина да остварат подобар профит од оној досега.
„Последниот договор кој што го затекнав беше на 1000 евра месечна закупнина. Критериумите ги кренавме така да почетната цена на огласот кој што ќе биде распишан ќе биде 2000 евра во денарска противредност плус ДДВ, така да се надеваме дека цената ќе биде повисока“– изјави Симоноски.
Додека се отвори ресторанот во градските гробишта, сите оние кои имаат потреба од услуга од таков карактер можат да ја добијат во мензата во Црквата Св Ѓоргија, Св. Богородица Каменско и во сите останати ресторани. Од јавното претпријатие знаат дека за граѓаните овој ресторан важи за најпогоден избор токму поради неговата локација и тие најавуваат дека ќе биде отворен во најскоро време.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град