Месец на дијабет во Дарон

Традиционално и годинава, Лајонс Клубот Охрид, ПЗУ „Дарон“ и Здружението на дијабетичари на 300 пациенти ќе им доделат ваучери за бесплатна проверка на тромесечниот шекер во крвта. Оваа хуманитарна акција се реализира во рамките на Месецот на дијбет.

 |  Николоска Биљана  | 
dijabet
дијабет

dijabetМесец на дијабет во Дарон. Трета година по ред Лајонс Клубот од Охрид, ПЗУ „Дарон“ и Здружението на дијабетичари, организираат хуманитарната акција за проверка на тримесечниот шекер во крвта. 300 пациенти ќе можат бесплатно да го тестираат шекерот вели д-р Костантин Георгиески од ПЗУ „Дарон“.  

„Пациентите по претходно добиен ваучер од своите матични лекари или од Здружението на дијабетичари можат да добијат тестерање на гликозиран хемоглобин HB1C . Сите пациенти кои што се заинтересирани да земат учество во оваа акција, да се обратат кај својот матичен лекар за да собијат ваучер или да се јават во нашата нова лабораторија каде што се одвива оваа акција или на тел 200 – 270 на ул. „Јане Сандански“ – вели д-р Георгиески.

vasileskiПретседателот на Лајонс Клубот од Охрид Ѓоко Апостолов, истакна дека и годинава главна цел на проектот кој што го спроведуваат во соработка со ПЗУ „Дарон“ и Здружението на дијабетичари е да се добие јасна слика за моменталната состојба со тримесечниот шекер кај дијабетичарите. Воедно Апостолов ја истакна големата соработка со општите доктори на ниво на општина Охрид.

„Овде морам да ја истакнам и спработката која што ја имаме и со Центарот за дијабет при општа болница Охрид како и со Здружението на дијабетичари кој што трета година по ред излегуваат во пресрет на нашите потреби како Лајонс Клуб, се надевам дека со овие наши активности кој што и во иднина ќе ги преземаме ќе дадеме еден придонес во однос на превенирањето и третирањето на оваа болест а со тоа и ќе им овозможиме на оние кои што имаат потреба од вакви тестови на еден полесен и попристапен начин да ги реализираат односно остварат своите тестови, а на некој начин да им го олесниме нивниот живот“– нагласува Апостолов.

Димче Панџакоски претседателот на Здружанието на дијабетичари напомена дека оваа хуманитарна акција во месецот на дијабет, не само што овозможува поквалитетен живот на дијабетичарите, туку ја покажува и  големината на сите кои помагаат и учествуваат во нејзина реализација.

dijabet„Тромесечната проверка на шекерот во крвта има големо влијание во лечењето на дијабетичарите на кој начин се утврдува дали уназад 3 месеци лекарствата го покривале и контролирале шекерот или не и каква и колкава интервенција е потребна. Во денешно време кога тешко се наоѓаат средства за помош на дијабетичарите одвојувањето на средства од Лајонс Клубот и ПЗУ Дарон навистина немаме зборови  да ја изразиме нашата благодарност на начин што ни го олеснува животот и ни го прават поздрав и посреќен“– вели Панџакоски.

Од Дарон информираат и за тоа, доколку пациентите не добијат ваучер од нивниот матичен лекар од икс причини да се обратат во Здружението на дијабетилари или во Дарон. Инаку, дијабетесот или попозната како шеќерна болест е меѓу најраспространетите болести во модерното живеење. Бројот на дијабетичарите од ден во ден се повеќе се зголемува, така да во Охрид бројот на заболени луѓе надминува над 7 000, според статистичките податоци на медицинските експерти.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top