Космополитизмот на Охрид и стекнувањето на пријатели низ светот се потврдија уште еднаш, преку објавувањето поштенска марка во Франција со ликот на охридски фотограф Зоран Велјаноски – Летра.
Космополитизмот на Охрид и стекнувањето на пријатели низ светот се потврдија уште еднаш, преку објавувањето поштенска марка во Франција со ликот на охридски фотограф Зоран Велјаноски – Летра.
Тоа претставува голема чест за него, но и за заложбите на Охрид во афирмирање на нашиот град и култура во светот, истакна градоначалникот Александар Петрески. „Особено е важно што признанието доаѓа од земја со голема култура и уметност и актуелен претседавач со ЕУ “, рече Петрески.
Зоран Велјаноски – Летра, кој признанието го доби за организацијата на Фестивалот на францускиот филм, истакна дека со издавањето на поштенската маркичка воспоставен е културен мост помеѓу двете земји.
„Ова е големо лично признание но и потврда на успешната организација на Фестивалот на францускиот филм со кој Охрид се вброи во светските градови каде се одржуваат филмски фестивали.Се докажа дека големите европски земји ја сакаат Македонија и се воодушевени од Охрид “, рече Велјаноски – Летра.
Тој се заблагодари на поддршката на првиот човек на градот и локалната самоуправа. Изрази очекување дека престојното издание на фестивалот, што ќе се одржи на 29 јуни, а ќе трае до 5 јули, ќе биде многу подобро организирано.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град