Директорката на НУ Завод и музеј ги отфрла сите обвинувања за Плаошник

Директорката на НУ Завод и музеј на денешната пресс конференција рече дека  неодамнешните обвинувања на претседателот на Општинската Организација на СДСМ околу градежните зафати на Плаошник се чиста невистина.

 |  Јаковлева Лионела  | 
tanja paskali
тања паскали

На Плаошник ништо не се уништува, напротив се гради нешто со што ќе се гордеат и идните генерации, рече Тања Паскали, директорката на НУ Завод и музеј на денешната пресс конференција свикана како реакција на изнесените обвинувања на претседателот на Општинската Организација на СДСМ, Томислав Тунтев, околу градежните зафати на Плаошник. „Возобновувањето на Светиклиментовиот Универзитет се врши според претходно изработена Локална урбанистичка планска документација, а не според желбите на Министерството за култура на РМ“, потенцираше Паскали. На Плаошник ќе се изградат 16 објекти, а не 24 како што пренесоа некои медиуми. плаошник Максималната висина на ниту еден од нив нема да ја надмине висината на црквата, додаде таа. Моментално се градат Музејот на Плаошник, Светиклиментовата библиотека и Центарот за хуманистички науки.  Од источната страна на црквата, ќе се градат Манастирскиот конак и Резиденцијалниот објект за потребите на МПЦ. Од северозападната страна на археолошкиот комплекс треба да се гради Богословскиот факултет, а од западната страна на музејскиот комплекс ќе се градат девет афилијации на светски универзитети со заеднички компјутерски центар.

Морам да изразам жалење што едно свето место како што е Плаошник веќе неколку недели се користи во цел на предизборната кампања. Уште повеќе жалам што Г-динот Тунтев токму на ова место искажа многу лаги наведувајќи ги граѓаните да мислат дека на Плаошник се градат чудовишта од бетон, вели Паскали.plaosnik

Паскали се осврна и на обвинувањата во врска со посетата на експертите од УНЕСКО. Таа рече дека   гостите биле поканети од Министерката за култура, Елизабета Канческа Милеска, а агендата за посетата  не ја изработил ниту Заводот, ниту пак Министерството за култура, туку самите експерти. При прошетката на Плаошник немале никави негативни забелешки дури двајца од нив кои претходно не го имале посетено овој локалитет биле воодушевени од светиклиментовата црква.

Немаме добиено сеуште извештај и не верувам дека ќе биде негативен бидејќи тоа не го заклучив од разговорите кои ги имавме со комисијата на УНЕСКО, рече Паскали.

Паскали рече дека се оди според планот и со зацртаната динамика. Проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник се спроведува според изработена Проектна програма од страна на Одбор формиран од еминентни стручњаци, кој на јавно објавен меѓународен конкурс ја добил првата награда.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top