Министерот за животна средина и просторно планирање им даде надеж на стружани дека постојат големи шанси планината „Јабланица“ да се прогласи за национален парк.
Министерот за животна средина и просторно планирање им даде надеж на стружани дека постојат големи шанси планината „Јабланица“ да се прогласи за национален парк. Тој потенцира оти малку треба да се почека, бидејќи во прашање се законски процедури.
Заложбите на невладините организации од Струга и македонското еколошко друштво, за прогласување на планината Јабланица за национален парк, ќе се исплатат. Министерот за животна средина и просторно планирање при посетата на Струга, даде надеж оти постојат големи шанси природните реткости на планината да бидат заштитени. Отворено кажа оти за тоа треба трпение, во прашање се
законски процедури.
Министерот е информиран за барањата на невладините организации кои се залагаат Јабланица да стане национален парк.
Иницијативата за прогласување на заштитено природно подрачје произлезе од невладината организација „Парумба“ во соработка со локлната сампоуправта, како и македонското еколошко друштво. Како што ТВМ веќе информираше, МЕД заедно со Германската фондација „Еуронатур“ распишаа конкурс за финасирање на 15 проекти, кои би допринеле за развој на планинскиот туризам во струшкиот регион. За таа намена одвоени се околу 45 илјади евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град